Заврши мегународната книжевна манифестација „Струшки книжевни средби“
Во Струга заврши мегународната книжевна манифестација „СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“ – 2022, една од најстарите во земјата, која, покрај во градот на поезијата, одделни содржини, реализираше и во Вевчани.
Во црквата “Св. Никола” се одржа “Поетска панорама”, насловена: „Од еден до друг брег“, што е наслов на поетската збирка со творби од македонски и хрватски поети, приредена од починатиот поет Петко Шипинкароски и професорот Васил Тоциновски.
Тоциновски беше еден од промоторите, заедно со Мишо Китаноски и проф. Д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
-Поетскиот зборник „Од еден до друг брег“, доага како потврда на многустолетните македонско-хрватски книжевни врски, од старите времиња на глагоилицата па се до денес, рече Тоциновски.
Во книгата се застапени вкупно 28 поети, по 14 од Хрватска и Македонија, а е издадена од Здружението за литература, култура и уметност „Бран“ од Струга, инаку, организатор на „СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“, а во соработка со Хватското книжевно друштво „Книжевно перо“ од Риека.
Присутните автори од Хрватска и Македонија читаа свои песни.
Попладнево, беше извршена и промоција на најновиот, дваесетти број, од книжевната ревија „БРАНУВАЊА“, овој пат, исцело посветена на првиот уредник и издавач Петко Шипинкаровски.
Беседа во чест и слава на Петко Шипинкароски имаше новинарот, публицист и поет, Мишо Китаноски, кој го претстави Шипинкаровски како еден од најплодните, истовремено, и најпреведуван автор во странство, после Борис Вишински, додека ревијата ја промовираше, поетот Христо Петрески
-Петко беше неуморен истражувач и љубопитник, кој се испробуваше, речиси истовремено, во повеќе книжевни жанрови, а негова специфика и најголем клвалитет беше познавањето и примената на народниот, изворен, подзаборавен македонски јазик и говор, потенцираше Петрески.
Манифестацијата заврши со вечерно “Поетско матине” и доделување на двете признанија, Наградата за ,,ЖИВОТНО ДЕЛО” за 2022 година, која му припадна на новинарот во пензија и романсиер Наум Бајо, додека Наградата за „ПОСЕБНИ КНИЖЕВНИ ОСТВАРУВАЊА ОД СТРАНСТВО“, годинава, ја понесе Никола Шимиќ Тонин, кој живее и создава во Задар Хрватска, за кое подрачје е и претседател при Хватското книжевно друштво.
Наградите се доделуват во чест на Петко Шипинкаровски и се насловени како ,,Петковиот аманет “.
Првонаградените, од свештеникот на црквата во Вевчани, отец Зоран Попоски добија дар – рачно плетени волнени чорапи, специфичен македонски сувенир.
Сите учесници, покрај Сертификат за учество, добија примерок од 20-тиот број од ревијата ,,Бранувања”, во која е објавено нивно авторско дело, заедно со две збирки песни од Петко Шипинкаровски.