131 санкционирани возачи во Скопје, 25 без возачка дозвола
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 25 мерки за возење без возачка дозвола, 14 мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се седум мерки за нерегистрирани возила, три санкции за возач почетник, осум санкции за користење мобилен телефон, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.