Македонија

Oд 2019 до 2021 година Пиксел груп основана од Ковачевски, од владата и од ФИТР добила над половина милион евра помош, вели ВМРО-ДПМНЕ

Прв ден откако Ковачевски е мандатар за влада фирмата основана од него Пиксел груп добива 203 илјади евра државна помош, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Во период од 2019 година до 2021 година Пиксел груп основана од дезертерот Ковачевски од владата и од ФИТР добила над половина милион евра помош. Во половина од тој период Ковачевски е заменик министер за финансии.

Ковачевски е во центарот на соларен картел тежок 26 милиони евра, а Пиксел груп основана од него е фирмата околу која се врти аферата Броило.

Аферата Броило не завршува само кај фирмите на соларниот картел, туку тие учествувале во прикривање на неправилности и како надзор.

Имено фирмата на кумот на Ковачевски, КМГ ЕОЛ Квазар е надзор над проектот за промена на постојните светилки и поставување на бандери во општина Гази Баба, додека со неа управува кадар на СДС.

Според утврденото од општината, но и според Финансиската полиција фирмата изведувач пишувала дека поставила бандери или сменила светилки, на места каде воопшто ги немало, и сето тоа било со потпис на надзорор, т.е. фирмата на кумот на Ковачевски.

За овој случај веќе се води истрага.

Мрежата во соларниот картел допрва ќе се отплетува. А дезертерот Ковачевски да не чека и да си поднесе оставка веднаш“, се вели во соопштението.

На почеток