Магазин

(ВИДЕО) Астероидот удрен од НАСА остави трага долга 10.000 километри

Нова фотографија направена со телескоп во Чиле покажа дека два дена по судирот со леталото DART, астероидот Диморфос оставил трага долга 10.000 километри, пренесе BBC.

Претходно познатите вселенските телескопи Hubble и James Webb го снимија моментот кога леталото на НАСА се заби во астероид со брзина од 22.531 км/час. Станува збор за прв обид на менување на правецот на движење на потенцијална закана за Земјата.

Астероидите на кои НАСА го врши тестирањето не претставуваат опасност за нашата планета и тоа ги прави совршени за оваа намена.

Новата слика покажува дека астероидот оставил трага долга илјадници километри. Фотографијата е направена два дена по ударот од страна на телескопот Southern Astrophysical Research Telescope (Soar) во Чиле. Се очекува трагата да биде уште подолга додека не се распадне и изгледа како останатата вселенска прашина што лебди во воздухот. Сепак, внимателно ќе се следи и во наредните недели и месеци.

Мисијата DART вреди 325 милиони долари.

На почеток