Свет

Трагедија на снимање на популарна емисија, животот го загубија три лица

Животот го загубија три лица откако се преврте рибарски брод во близина на Орегон.

Бродот се превртел поради големите бранови, а истиот требало да учестува во емисија на каналот Дискавери. Ловците на ракови кои загинаа имале од 48 до 50 години.

Двајца членови на екипажот се пронајдени надвор од бродот, но подоцна починале во болница, додека третото лице загинало бидејќи било заробено на бродот.

Полицијата соопшти дека околу 10:13 часот хеликоптер на обалската стража најпрво го пронашла Џејмс Лакеј во водите на Тихиот океан, а околу 12:28 часот во близина на обалата е пронајден и Џошуа Портер.

Во соопштението за јавноста, тв каналот Дискавери наведе дека водите во овој предел се многу опасни.

„Њупорт во Орегон е едно од последните останати рибарски градови во Тихиот океан“, истакнуваат тие.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток