СДС ја зголеми цената на струјата за 2.5 пати, со Мицкоски имавме 4-та најевтина струја во Европа, сега плаќаме 8-ма најскапа, вели ВМРО-ДПМНЕ
СДС ја зголеми цената на струјата за 2.5 пати, со Мицкоски имавме 4-та најевтина струја во Европа, сега плаќаме 8-ма најскапа, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Во 2017 година, кога претседателот Мицкоски е директор на ЕЛЕМ, македонското стопанство плаќа една од најниските цени на струја, 5 години потоа кога ЕЛЕМ го раководи СДС, стопанството плаќа струја поскапа од 32 држави во Европа.
СДС не направи ништо да го зголеми производството. И тоа не само што не е зголемено, туку е и намалено. Од скоро 6 терават часови произведена струја за една година во време на ВМРО-ДПМНЕ, сега едвај се прозиведуваат 4.
Недостатокот на струја се покрива со увоз, а тоа значи одлив на девизи.
Доколку СДС не беа неспособни ќе го зголемеа домашното производство, или во најмала рака ќе го одржеа.
Скапата струја е последица на неработата на владата, компаниите и граѓаните се жртви на таа неспосбност“; се вели во соопштението.