Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија сака средба со Путин
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси изјави дека сака уште еднаш и што поскоро да се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин.
На 11 октомври Гроси се сретна со Путин во Москва, кога разговараа за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожјe. Според Гроси, постои можност до крајот на оваа година да се постигне договор за создавање на безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје.
„Имав одличен дијалог со претседателот Путин и со претседателот Зеленски. Важно е тоа да биде договор за основните принципи за заштита на нуклеарната централа. Можно е. Треба да продолжиме да работиме на тоа“, изјави Гроси.