Свет

Москва: Бројката на загинати се искачи на 13

Бројот на загинати во рускиот град Јејск, во пожарот што избувна во деветкатница откако во неа се урна воен авион Сухој-34, се зголеми на 13.

Повредени се 19 лица, а оштетени се над 70 станови.

Како што соопшти претходно службата на Министерството за вонредни состојби, спасувачките екипи завршиле со чистење на теренот. Во акцијата за спасување беа извлечени десет тела, па бројот на загинатите се искачи на 13, меѓу кои и три деца“, изјави претставник на Министерството.

Министерството за одбрана на Русија вчера соопшти дека рускиот суперсоничен ловец-бомбардер Су-34 се урнал во градот Јејск на Краснодарската територија, а пилотите се катапултирале.

Оштетена е зградата во која падна авионот, односно во пожарот изгореа 72 стана.

Како што соопштија од Министерството, според извештајот на исфрлените пилоти, причина за падот на авионот бил пожар на еден од моторите при полетување.

Министерството додава дека пожарот во зградата бил предизвикан од керозин кој се запалил на местото на падот на Су-34.

На почеток