Две банки се откажуваат од готовината: „Имавме само двајца посетители на час“
Volksbank и Raiffeisenbank во Германија планираат да ги откажат трансакциите во готовина во сите свои филијали од 1 декември оваа година.
Плаќањата и повлекувањата во филијалата (шалтер и банкомат) повеќе нема да бидат можни во иднина“, се вели во писмото што клиентите го добиле од Рајфајзенбанк Хохтаунус.
Финансиската институција која припаѓа на Volksbank во основа целосно ги суспендира операциите со готовина за клиентите, пренесува Fenix Magazine.
Како што велат од Raiffeisenbank, готовинските плаќања и самиот готовински промет со години постојано се намалуваат, што е видливо и на банкоматите.
„Неодамна имавме само двајца посетители на час“, објаснува Ахим Брунер, извршен директор на Raiffeisenbank, а пренесува порталот Бонитет.
Бидејќи конкретното однесување на клиентите значително се промени во последниве години, Volksbanka и Raiffeisenbank сакаат да ги пренасочат плаќањата во дигиталниот сектор.
Брунер, исто така, смета дека затворените места не треба нужно да доведат до загуби.