Свет

Бајден: Загрижен сум за идната американска помош за Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека е загрижен за идната американска помош за Украина.

Тој проблем ќе се појави доколку републиканците ја преземат контролата врз еден или двата дома на американскиот Конгрес на изборите на 8 ноември.

„Загрижен сум“, им рече Бајден на новинарите за време на застанувањето во сендвичара во Питсбург, на прашањето како помошта за Украина ќе има влијание од можната победа на републиканците, пренесува Ројтерс.

Бајден беше во Питсбург како дел од кампањата за демократот Џон Фетерман.

Водачот на републиканците во Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти, во последните денови изјави дека „не би бил подготвен да потпише бланко чек“ за помош за Украина доколку републиканците ја преземат контролата над Претставничкиот дом.

На 8 ноември во САД ќе се одржат избори за сите 435 места во Претставничкиот дом и 35 од 100 места во американскиот Сенат.

На почеток