Свет

Захарова: Русија е подготвена, но САД не спречуваат“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Москва е подготвена да испорача храна и ѓубрива за многу земји.

Сепак, тaa тврди дека САД го спречува тоа.

Свесни сме за важноста на рускиот извоз на храна за социо-економскиот развој на многу земји“, рече Захарова на прес-конференција, пренесува РИА Новости.

Таа изјави дека руските ѓубрива не се помалку важни за избегнување на кризата, бидејќи без нив идната жетва ќе биде загрозена.

Подготвени сме да испорачаме храна и вештачко ѓубриво и се што е потребно за да се осигураме дека состојбата со храната во светот е стабилна“, рече Захарова.

Таа укажа на потребата да се обноват синџирите на снабдување и да се елиминираат ограничувањата поради западните санкции со кои се соочуваат деловните субјекти од Руската Федерација.

„Ние сме спречени да го правиме тоа (извоз на храна и ѓубрива). САД нанесоа удар на стабилното снабдување со храна во светот, што го отежнува извозот на руски производи“, заклучи Захарова.

На почеток