Сунак разговараше со Бајден, ќе се сретнат на самитот Г-20
Британскиот премиер Риши Сунак разговараше со американскиот претседател Џозеф Бајден.
Портпаролот на Даунинг стрит најави дека двајцата државници ќе се сретнат на претстојниот самит на Г-20 во Индонезија.
Двајцата лидери разговараа за обемот на соработката меѓу Обединетото Кралство и САД, како билатерално, така и во региони како што е Индо-пацификот, каде што пактот AUCUS (трилатерален договор меѓу САД, Велика Британија и Австралија) е дел од напорите да се спротивстави на малигното влијание на Кина, рече порпаролот во изјавата, пренесе Ројтерс.
Сунак и Бајден се согласија и за потребата да се обезбеди безбедност на народот на Северна Ирска преку зачувување на Договорот од Белфаст, се додава во соопштението.