Амбасадорот на Франција на средба со Таравари
Амбасадорот на Франција, неговата екселенција Сирил Баумгартнер, денеска во централните канцеларии на Алијанса за Албанците беше примен од Претседателот на АА, г. Арбен Таравари. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, заедничките предизвици во планот за евроатлантската интеграција. Г. Таравари го информираше амбасадорот за посветеноста на АА и поддршката за сите досегашни иницијативи поврзани со интеграциите. На заедничката прес конференција, Таравари најави дека Алијансата за Албанците ќе го продолжи овој пат во интерес на државата и нејзините граѓани.
Пред амбасадорот на Франција, претседателот на АА ги образложи плановите и стратегијата на АА за иднината, барајќи и помош од амбасадата и експертите.
Амбасадорот на Франција во нашата земја, неговата екселенција Сирил Баумгартнер, рече дека се чувствува почестен што е првиот амбасадор којшто ги посети новите централни канцеларии на Алијанса за Албанците во Тетово, притоа додавајќи дека Франција има посебен однос со градот Тетово.
Амбасадорот Баумгартнер додаде дека се разговарало за справувањето со предизвиците што ја очекуваат земјата, ценејќи ја и улогата на АА, со цел да се олесни процесот на интеграцијата, нагласувајќи дека нашата земја веќе го има трасирано патот кон иднината.