Свет

(ВИДЕО) Десетици луѓе повредени во стампедо во главниот град на Јужна Кореја, има загинати

Десетици луѓе се повредени во стампедо што се случи во Јужна Кореја за време на прославата на Ноќта на вештерките.

КБС, јужнокорејскиот национален радиодифузер, соопшти дека е потврдена смртта на две лица.

Инцидентот се случил во саботата во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, соопшти Службата за вонредни ситуации.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап објави дека 50 лица доживеале „срцев удар“ по стампедото.

Голем број луѓе се собраа за време на прославата на Ноќта на вештерките во централниот кварт на Сеул.

На почеток