Магазин

(ВИДЕО) Триото „Шербет“ со прекрасна изведба на песната „Ако згрешам нека изгорам”

Триото „Шербет“ од Тетово објави прекрасна изведба на песната „Ако згрешам нека изгорам“ од Пепи Бафтировски.

Видеото е снимено во Мала Преспа во Пустец.

Триото го сочинуваат Теодора Ветероска, Марија Костоска и АнаМарија Блажеска.

Нивната приказна како „Шербет“ ја започнале во ноември 2016 година и за многу краток период постигнале голема популарност. Од формирањето до денес имаат објавено голем број видео снимки во живо на кои се изведени македонски изворни, новокомпонирани и евергрин мелодии.

На почеток