Сали разреши уште еден директор
Од
Објавено на
Министерот за здравство, д-р Беким Сали денес го разреши од функцијата организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди.
Организацискиот директор на оваа Клиника се разрешува од функцијата пред истекот на времето за кое е именуван, поради утврдени нерегуларности во извештајот од извршената контрола на работењето на оваа Клиника. Контролата е спроведена од Фондот за здравствено осигурување.