Македонија

Тренчевска: Обезбедивме рекорден раст на пензиите, продолжуваме со вистинска грижа за сите

Претседателката на Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска денеска се обрати на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Радовиш каде пред присутните зборуваше за мерките и политиките што СДСМ ги презема во справување со последиците од кризата.

„Првите две работи кои рековме дека во првиот месец од нашиот мандат ќе ги направивме беа зголемување на минималната плата и зголемување на пензиите. Тоа е реализирано и да се потсетиме дека од 2017 до денес минималната плата ја зголемивме 100%, од 9.000 на 18.000 денари, затоа што работниците за нас се важни! Ветивме поголеми пензии за пензионерите! Реализирано! Имаме стабилен пензиски фонд и предвремената исплата на пензиите продолжува. Само во текот на оваа година пензиите пораснаа за речиси 10%. Во март 2023 пензиите ќе пораснат за уште најмалку 7%. И кога велиме историски најголемото зголемување на пензиите имаше оваа година, тоа и го мислиме, но најдобар показател за тоа се бројките, податоците. Некој може да побива со зборови, но фактите не се побиваат. Тие остануваат да сведочат како поткрепа на резултатите “ изјави Тренчевска.

Тренчевска истакна дека СДСМ ќе продолжи да се грижи за сите граѓани, но и ќе продолжи да работи посветено на евроинтегративниот процес, да гради економски стабилна и сигурна држава.

На почеток