Македонија

Власта да почне да го применува Законот за здруженија и партии и да се затвори клубот Цар Борис, вели ВМРО-ДПМНЕ

Власта да почне да го применува Законот за здруженија и партии и да се затвори клубот Цар Борис, кој носи име на нацистички соработник, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Законот за здруженија и партии е донесен и изгласан во собранието, тој треба веднаш да почне со примена.

Името на клубот Цар Борис, е име на докажан нацистички соработник, под негова палка Бугарија била дел од нацистичката коалиција на Хитлер.

Недозволиво е тој клуб да продолжи со делување. Тој треба веднаш да се избрише од Централниот регистар.

Недозволиво е во Македонија која се стреми кон Европа да има активни клубови кои имаат поврзаност со еден од најмрачните делови на историјата“, се вели во соопштението.

На почеток