Магазин

Ријана објасни зошто го крие своето дете од јавноста

Откако Ријана и Роки го добија своето прво дете, се знае само дека се работи за момче.

Во новото интервју за Вашингтон пост, пејачката откри зошто не споделиле информации за бебето.

Според неа, тие едноставно немале време. „Едноставно не стигнавме таму. Го живееме животот во потполност. Но, претпоставувам дека има одредена слобода што доаѓа со таквото ослободување“, рече Ријана.

Сепак, Ријана и претходно отворено зборуваше за мајчинството воопшто. Така опишала што најмногу и се допаѓа откако станала мајка.

“О Боже мој, утрата, кога ќе ги отворам очите и ќе го видам лицето на бебето. Кога бебето ќе се разбуди наутро целото воодушевено од ситниците и не ни знае каде е. Најслаткото нешто, тоа ми е омилен дел од денот“, рече таа.

Ријана и Роки го добија своето прво дете на 13 мај во Лос Анџелес. Се дозна дека пејачката била бремена во јануари кога го покажала стомакот на состанок во Харлем. Таа е во врска со музичарот од 2020 година.

На почеток