Приведен крадец, осуден на тригодишна казна затвор
Од
Објавено на
Денеска (11.11.2022) во 13.20 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Д.Д.(35) од Скопје.
За него била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.236 од Кривичниот законик.
Д.Д. ќе биде предаден на надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.