Левица и Апасиев се реална закана за европската иднина, Мицкоски е само нивен заложник, вели СДСМ
Левица и Димитар Апасиев имаат јасна агенда да го попречат патот кон ЕУ и претставуваат реална закана за европската иднина на државата, вели СДСМ
„Нивната политика нема да ја направи земјата посилна туку послаба ако запре на патот кон ЕУ.
Ќе запре помошта од ЕУ, ќе немаме пристап до европските фондови, ќе завладее неизвесност, младите ќе побегнат во други европски земји. Повторно ќе се доведува под прашање македонскиот идентитет.
Левица се посилни затоа што Мицкоски станува се послаб. Христијан Мицкоски, како слаб политичар без визија и став, деновиве самиот потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на делата на Ванчо Михајлов.
Како поминува времето Левица и Апасиев ќе го земат Мицкоски како нивен заложник.
СДСМ и демократските сили нема да дозволат кој било да ја загрози европската иднина на државата и на граѓаните“, се вели во соопштението.