Владата на Македонија и Владата на Албанија ќе одржат заедничка седница
Денеска, 14.11.2022 година (понеделник) ќе се одржи меѓувладината седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија.
По официјалниот пречек, предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Македонија и Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија.
Потоа, во 10:15 часот, во свечената сала во Владата на Република Северна Македонија започнува меѓувладината седница каде официјални обраќања ќе имаат премиерите на двете земји. Потоа, следи отворена дискусија помеѓу министрите од двете влади.
Во 13:20 часот на меѓувладината седница ќе се одржи и церемонија на потпишување на Договори и Меморандуми од страна на министрите на двете Влади со цел продлабочување на соработката помеѓу двете земји.