ВМРО-ДПМНЕ денес ќе ја објави Аферата Паразити
Афера Паразити, како владини функционери вртат илјадници евра за еден мандат. Додека народот гладува и две миниламни плати не се доволни за да ја покријат потрошувачката кошничка, функционерите на власта заработуваат илјадници евра во нивниот мандат, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Кога ќе се погледнат фактите кои од денеска ќе ги презентираме на пресконференции ќе се дојде до логичен заклучок дека може да се заштедат милиони, ако не се алчните функционери на СДС.
Ќе објавиме шокантни податоци, од кои ќе стане јасно зошто власта не е загрижена за инфлацијата, а тоа е затоа што нејзините функционери буквално не ја чувствуваат.
Функционерите на власта буквално живеат во луксуз, а народот страда. За сите детали околу аферата Паразити следете денес на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ во 12 часот“, се вели во соопштението.