Магазин

(ФОТО) Жизел Бундшен има ново момче, овој спортист го замени Том Брејди

Бразилската манекенка е фотографирана, како што пренесуваат медиумите, со ново момче – инструктор за џиу-џицу.

По разводот од Том Брејди, срцето на Жизел Бундшен го освои уште еден спортист. Имено, Жизел е фотографирана во Који во провинцијата Пунтаренас со Хоаким Валенте, пишува Page Six.

Иако не е јасно кога започнала романсата, факт е дека во 2021 година Бундшен и Валенте снимале за магазинот Dust со неговите браќа Педро Валенте и Џио Валенте.

Да потсетиме, во февруари манекенката го спомна семејството Валенте, велејќи дека тие се „страшни учители“.

На почеток