Коментари

„Во Џевахир треба да станиш у 5 за да стигнеш на работа у 8“, реакции откако кулите останаа без струја

Првата и втората кула на „Џевахир“ од 15:00 часот останаа без напојување на заедничката електрична енергија која се користи за светло во влезовите, лифтови, топла вода, базен, теретана, но и без вода.

Станарите подоцна информираа дека струјата повторно им е вратена.

Тие велат дека уредно ги платиле сметките, но дека проблемот е фирмата управител на висококатниците.

„У Џеваир треба да станиш у 5 за да стигнеш на работа у 8“, „Замисли си ја остаил пеглата вклучена, и ти текнува дека може да дојде струја во меѓувреме“, се шегуваа граѓаните на социјалните мрежи.

 

На почеток