Македонија

Коѕијас: Северна Македонија, добредојде во нашите животи

Поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, го поздрави гласањето во македонскиот парламент коментирајќи дека историјата треба да биде училиште, а не затвор, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

„Разговарав со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Се присетивме на тешкотиите, заморот, тензиите, довербата и надежта со кои се соочивме додека работевме на договорот. Сонувавме за заедничка иднина на двата народа. Северна Македонија, добредојде во нашите животи“, напиша Коѕијас на Твитер.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток