„Имаме обврска да ја победиме Србија на самиот старт“, вели Роналдо


Ривалдо и Роналдо, легендарните фудбалери на Бразил ја дадоа својата пресуда пред почетокот на Светското првенство.
„Селесао“ патувањето во Катар ќе го започне на 24 ноември, а противник од другата страна ќе биде Србија.
„Историјата покажува дека кога ќе почнеме добро, се завршува добро. Првиот меч во групата е многу важен, но ние имаме обврска да ја победиме Србија на самиот старт“, изјави Роналдо.
Ривалдо отиде чекор подалеку и истакна дека селекцијата на Тите нема да има никакви проблеми на трите натпревари во рамките на групата Г.
„Не треба да имаме никакви проблеми во групната фаза, но вистинското Светско првенство започнува во нокаут рундата, тоа е она што секогаш го велам. Тоа е прашање за сосема други работи. Гледајќи го нашиот квалитет во однос на нашите ривали, треба да победиме сите три натпревари во групата без никакви проблеми“, истакна поранешниот играч на Барселона.
