Скопје

146 санкционирани возачи во Скопје, 15 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, седум мерки возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила.

Изречени се четири мерки за користење мобилен при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток