Денес и утре изменет сообраќаен режим на улица „Тодор Алексадров“
ЈП „Улици и патишта“, Скопје, со известување за време сообраќаен режим, за денеска (среда) и утре (четврток).
-Ве известуваме дека на ден 7.12.2022г./среда/ и ден 8.122022г./четврток/ од 8.00ч. до 12:00часот екипи на ЈП Улици и патишта Скопје ќе ја асфалтираат улицата „Тодор Алексадров“ и поради изведба на градежните активности ќе биде воведен времен сообраќаен режим на двете коловозни ленти и обележана со соодветна сигнализација. Во среда ќе бидат затворени коловозните ленти на потегот од ИЗИИС до Турската Амбасада, а во четврток на потегот од Турската Амбасада до кривната кај МВР. Апелираме до граѓаните за трпеливост во сообраќајот до завршување на градежните активности со цел побезбедно и непречено движење со новата асфалтирана површина на улицата – соопштуваат од претпријатието.