Македонија

Сообраќаjот се одвива по влажни коловози, можност за појава на магла и голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози,наместа со остатоци од кашест снег.

„Од превентивни причини  воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец  Дебар-Струга.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, велат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток