Сообраќајот на патот Маврово – Дебар се одвива по една коловозна лента
Сообраќајот на патниот правец Р1202 Маврово – Дебар, помеѓу бензинската пумпа Макпетрол и манастирот Св.Јован Бигорски од 06:45ч. се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 20м.
АМСМ информира дека од 03:10 часот, поради свлечиште, беше блокиран регионалниот патен правец Ростуше – Дебар.
Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на сообраќајот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.