Откажани илјадници летови во САД, опасност од „циклон бомба“
Илјадници летови се откажани во САД откако синоптичарите предупредија на „потенцијално штетни влијанија во централните и источните“ делови на земјата, предизвикувајќи големи нарушувања во патувањето и комуналните услуги за време на празничната сезона.
Зборувајќи за потенцијален „циклон бомба“, американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа рече дека не е како снежен ден кога сте биле дете. „Ова е сериозна работа“, предупредува Бајден.
„Циклонски бомби“ се јавуваат кога атмосферскиот притисок многу брзо паѓа при силна бура. Синоптичарите очекуваа дека ќе се случи во близина на Големите езера, предизвикувајќи ветрови и создавајќи виулици.
„ Околу 200 милиони луѓе во 48 држави се предупредени за екстремни временски услови – изјави Боб Оравец, прогнозер за Националната метеоролошка служба (NWS) во Колеџ Парк, Мериленд.
Најмалку 4.400 летови се откажани, што ги наруши плановите за одмор низ целата земја, пренесува „Ројтерс“.
Ен-Би-Си соопшти дека „силната зимска бура ќе предизвика широко распространети нарушувачки и потенцијално штетни влијанија низ централниот и источниот дел на САД.
„ Рекорден студ и опасен по живот студ над Големите Рамнини се предвидува да ја зафати источната половина на нацијата до петок“, со „значителен дожд можен во делови од западниот дел на Орегон и државата Вашингтон“ од четврток навечер.
Градоначалникот на Портланд Тед Вилер прогласи вонредна состојба.