Македонија

Христовски: МВР, АНБ, АЕК како и Агенција за разузнавање се одговорни за решавање на проблемот со дојавите за лажни бомби

Бојан Христовски, поранешен директор на Градски паркинг во своето гостување на Радио Лидер зборуваше за лажните дојава за бомби и потенцираше дека оваа ситуација го девалвира образование, психолошки ги уништува и децата и родителите, го пореметува целиот систем на образование, на функционирање на општеството.

-Во моментов би истакнал нешто што не руши како општество, трае со месеци, тоа се бомбите или лажните дојави за бомби кои што не се само безбедносна закана туку се општествена закана, нешто кое што ни го девалвира нашето образование, психолошки ги уништува и децата и родителите, го пореметува целиот систем на образование, на функционирање на општеството, рече Христовски.

Христовски во текот на своето гостување укажа дека МВР, АНБ, АЕК како и Агенција за разузнавање се одговорни за овој проблем.

-Замислете имаме министерство за внатрешни работи вработено со преку 10.000 вработени, имаме Агенција за национална безбедност која и те како е одговорна за овој дел на проблемот. Потоа Агенција за електронски комуникации, Агенција за разузнавање бидејќи како што кажуваат заканите доаѓале од надвор и тие се тие кои што се можеби така прилично надлежни за овој проблем. Тоа се илјадници, илјадници вработени луѓе кај што не би обвинил нив, туку јас лично би го вперил прстот во раководството на овие институции кои ние како обични граѓани не би требало да не интересира како ќе ги фатат тие што тоа го прават. Ние сакаме само тие да бидат откриени и ова да престане, додаде Христовски.

На почеток