На 13.01.2019 година во 00,25 часот во СВР-Битола Т.Ш.(40) од Битола пријавил дека истиот ден околу 00,00 часот во угостителски објект лоциран на улицата “Генерал Васко Карангелевски“ додека седел на маса со Н.В. започнале вербална расправија, по што Н.В. го удрил со чаша и му нанел повреда.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.