За прв пат во 70 години со полна пареа, работат сите енергетски капацитети во државата, вели СДСМ


Успешните енергетски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати. Обезбедена е сигурна и стабилна испорака на струја до граѓаните и компаниите и стабилност на цената на електричната енергија, вели СДСМ.
„За прв пат во 70 години со полна пареа, работат сите енергетски капацитети во државата и тоа трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост.
Истовремено се зголемува производството на струја од обновливи извори. Во мандатот на оваа влада од 10 месеци во државата се инсталирани и 141 мегават обновливи извори на енергија, оваа година ќе се искачат на 300 мегавати обновливи извори.
Во една од најтешките зими, во услови на еветска енергетска криза, електрична енергија во државата има повеќе од доволно.
Енергетскиот биланс е позитивен и за прв пат во повеќе децении, среде зима се продаваат вишоци електрична енергија.
Имено на 13 јануари АД ЕСМ произведе 18.835 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи од домашно производство.
Вишокот од 330 мегават часови е продаден, со што се обезбедува дополнителен приход.
Нема рестрикции, цената на електричната енергија не се зголемува.
Од 1 јануари, цената на струјата за домаќинствата за првиот и вториот блок се намалува. Субвенционирани се 80 отсто од сметките за струја за домаќинствата.
Големо намалување на цената на струјата, односно 20,15 отсто има за малите потрошувачи на електрична енергија. Станува збор за 72.000 мали и средни претпријатија, кои вработуваат 98 проценти од работниците во државата.
Обезбедена е евтина електрична енергија за училиштата, прехранбената и месната индустрија, јавните комунални претпријатија, болниците.
За ранливите категории граѓани се исплаќа додаток од 1.000 денари за поддршка на потрошувачка на електрична енергија.
СДСМ со одговорни политики, чесна и посветена работа ги заштити компаниите и граѓаните од ценовен шок“, се вели во соопштението.
