Слаби врнежи од снег на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаби врнежи од снег, кои во моментов не преtставуваат проблем за одвивање на сообраќајот, бележиме на следниве патни правци: Тетово – Попова Шапка, Маврово, Стража и Крушево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.