Македонија

Без политичка волја невозможна е ефикасна борба против корупцијата, вели Алијанса за Албанците

„Индексот на перцепција на корупцијата 2022“ е уште една независна потврда на она што Алијансата за Албанците постојано го осудува. Во последното мерење на степенот на перцепција на корупцијата за 2022 година, „Транспаренси интернешнал“ прецизира дека кај нас институциите надлежни за прогон на корупцијата и организираниот криминал се недоволно финансирани и нивната независност се поткопува од политиката, дека судството е политизирано, додека правдата останува селективна во случаите на корупција на високо ниво, вели Алијанса за Албанците

„Алијансата за Албанците смета дека недостатокот на политичка волја ја оневозможува ефективната борба против корупцијата и дека решението е едноставно, односно неопходен е ветинг, одземање на незаконски стекнат имот, удвојување на инвестициите во правосудството и антикорупциските институции.

Алијансата за Албанците има и политичка волја и храброст да ги поттикне реформите во правосудството и да води бескомпромисна војна против корупцијата“, додаваат од партијата.

На почеток