Македонија

Покрената онлајн петиција за одземање на бугарското државјанство на Македонци

Бугари кои се членови во социјалната група „Бугари од Македонија” започнаа онлајн петиција со која бараат одземање на бугарско државјанство на лица од Македонија, кои ширеле омраза кон Бугарија, пишува Фокус.

Како што е наведено во петицијата, групата ги повикува сите владини и невладини организации да се приклучат кон петицијата, да им се одземе бугарското државјанство на граѓаните на Северна Македонија, кои денес ширеле омраза кон Бугарија.

Петицијата веќе има стотици потписи, а во коментари многумина порачаа дека треба јавно да бидат објавени имињата на сите од Македонија кои имаат бугарски пасоши, посебно ако помеѓу нив има и политичари.

На почеток