Свет

(ВИДЕО) Втор ден горат контејнери во пристаништето Искендерун

Асошиетед прес јавува дека пожарот во пристаништето Искендерун на Средоземното Море, кој избувна по земјотресот, продолжува втор ден.

Фотографиите и видеата покажуваат густ црн чад што се издига од запалените контејнери кои се урнаа по земјотресот.

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера го погодија јужниот дел на Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 4.800.

Масовната спасувачка операција се уште е во тек. Студеното време ги попречува спасувачите во потрагата по преживеани.

Турската државна новинска агенција Анадолу објави дека брод на турската крајбрежна стража помогнал во гаснењето на пожарот.

На почеток