Здружението „Млади за Македонија“, најавуваат нови протести откако во Службен весник беше објавен Законот за употреба на јазиците. Исто така тие објавија фотографија на Фејсбук и соопштија дека стојат зад фарбањето на Министерството за култура во боите на македонското знаме
„Борбата е далеку од завршена, а двојазичноста повторно не повикува на борба!
Млади за Македонија започна како организација која се бори против наметнување на друг јазик на целата територија на Македонија! Нелегалното објавување на промената на името и двојазичноста е акт на кој мораме да реагираме.
Не е време за откажување, време е за нови протести и на масовност против промената на името и двојазичноста.
Двојачизноста не смееме да ја дозволиме“, стои во објавата на Фејсбук.
Борбата е далеку од завршена, а двојазичноста повторно не повикува на борба!Млади за Македонија започна како…
Posted by Млади за Македонија – Mladi za Makedonija on Tuesday, January 15, 2019