Магазин

(ВИДЕО) Турски актер побара помош: „Помогнете ни“

Повеќе од 20.000 луѓе загинаа во разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на почетокот на неделата. Потрагата по преживеани под урнатините се уште е во тек. За трагедијата што ги снајде тие две земји зборуваа многу луѓе, меѓу кои и турскиот актер Керем Бурсин.

Ги замоли следбениците за помош

Керем, кој се прослави со улогата во серијата Мириса на љубов, моментално живее во Истанбул. На Инстаграм ги покани сите што можат да и помогнат на неговата земја.

„Поздрав до сите, како што веќе знаете, два разорни земјотреси ја погодија мојата земја. Последиците се гледаат во десет градови во Турција. Скоро 14 милиони луѓе ги трпат последиците, 10 илјади згради се уништени. Ја барам сета помош што можете да ни ја дадете“, вели актерот во видеото.

Тој објасни како секој што сака може да им помогне на луѓето во областите погодени од земјотресот. Тој оставил банкарски сметки на кои може да се донира.

„Благодарам на сите што веќе помогнаа, но како што реков, ни треба многу повеќе помош. Ве молиме раширете го овој апел“, додаде тој.

На почеток