Македонија

(ВИДЕО) Калеска: Македонија ќе добие силна и независна инстритуција за борба против корупцијата

Македонија ќе добие силна и независна инстритуција за борба против корупцијата по европски стандарди. Пратеничката група на СДСМ и коалицијата остана доследна во одбраната на европските стандарди за воспоставување ефикасни механизми за спречување и борба против корупцијата, изјави Снежана Калеска Ванчева на денешната прес-конференција.

„Од 40 амандмани кои беа доставени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најдовме согласност за 20 амандмани коишто се во функција на зајакнување на текстот на одредени одредби и истите заеднички ги поднесовме.

СДСМ од почетокот остана доследна за зајакнување и проширена надлежност на Државната комисија за спречување на корупција, и од оваа заложба не отстапивме.

Прашањата за директен увид во сметките на носителите на јавни функции, е затворено.

ДКСК ќе има право до директен пристап до банкарските сметки, но и во над 60 други бази на податоци.

Не се дозволи воспоставување на паралелен систем, односно орган коишто беше предлог од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, преку барањето за формирање на национален совет.

Македонија создава институција која никогаш повеќе нема да дозволи да се повторат криминалите од минатата власт“, изјави Калеска.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток