SoundEdge ја објавија својата нова песна насловена како „Не е цела вистина“.
Оваа песна се појави на последното издание на регионалната компилација Balkan Over The Radar-Black Box на српската издавачка куќа Black Planet Records како единствеn македонски претставник меѓу 29 теми кои се појавуваат на двојното CD.
Не е цела вистина е снимена во SoundEdge студио, а мастерирана од DEXY Mastering-Шведска. Авторски е дело на Симеон Спировски, текстот на Александар Лазаревски, а новост е што за прв пат како вокал се појавува Владо Жаков.
