Македонија

Груби: Кога ќе ми каже Ахмети да седам дома, ќе седам дома

Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за Канал 5 истакна дека кога лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе му каже да седи дома, ќе седи дома.

Ваквата изјава следува по прашање во врска со барањето на „Огнената група“ за негово разрешување.

„Кога Ахмети ќе ми каже седи дома, ќе седам дома и нема да кажам ни А, ни Б. Јас не се оптоварувам со мојата функција“, вели Груби.

На почеток