Исповед на мајката на тепаното девојче: Ме држеше за нога и плачеше кога ја оставав сама со дефектологот
Помодрени ушиња, модринки кај косичката кои се веројатно настанати од влечење – ова е сликата од девојче кое сè уште нема наполнето три години, а кое, според кажувањата на родителите, е жртва на дефектологот кој приватно бил ангажиран за да работи со него. МВР информираше дека родител пријавил дека дефектолог кој бил ангажиран за приватни часови насилно се однесувал со тригодишно дете.
„Република“ стапи во контакт со родителите кои со огромна болка и тага во очите раскажуваат со што се соочиле во обид да му помогнат на сопственото дете да прозбори.
По препорака на пријатели ја ангажравме Емина С. да работи со нашата ќерка, која сѐ уште не зборува. Дефектологот доаѓаше кај нас дома, а по нејзино барање ние го напуштавме станот, ја остававме сама со детето, затоа што така најдобро се работело. Воопшто не очекував дека некој што работи дефектологија може да има груб однос со дете, а уште помалку да го влече за уши, да го кубе и да го тепа. Затоа и не ми падна на памет да ставам камери во домот и да следам што прават. Дефектологот повремено ми праќаше видеа од она што го работат. Сметав дека сè е во ред и покрај отпорот на ќерка ми да остане насамо со Емина, зашто реакциите на детето ги препишував на неговиот карактер, дете кое води инает кога нешто не му одговара – раскажува Трајанка, мајката на девојчето.
Ќе ме фатеше за нога и плачејќи не ме пушташе да излезам. По последниот час, кога си отиде дефектологот, ќерка ми цела се тресеше и вриштеше. Веднаш забележав дека ушињата ѝ се жар црвени. Ѝ се јавивме на Емина да ја прашаме дали знае зошто му се црвени ушите на детето, ми рече да си провериме да не е некој здравствен проблем, раскажува Трајанка за траумите што ги доживеале сакајќи да му помогнат на детето да прозбори.
Таа и нејзиниот сопруг сѐ уште не можат да се соземат од она што се случувало со нивното девојче. Велат се трудиме да останеме смирени, иако лутината и бесот се преголеми, а плачот на беспомошното дете сè уште одѕвонува во нашите глави.
Целата приказна прочитајте ја тука.