Македонија

Мигрантот кој беше прегазен кај Блаце немал лични документи, не е вистина оти бил обезглавен

Мигрантот кој беше пронајден прегазен од автомобил и починат на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце немал со себе лични документи, дознава „Макфакс“.

Лицето не било обезглавено, како што објавија дел од медиумите, но има тешки повреди на главата.

На улицата се видливи силни траги од кочење, а полицијата собира фотодокуметација од местото на несреќата.

„Макфакс“ претходно објави дека мртвото тело на мигрантот лежело на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце и се работи на утврдување на идентитетот на лицето.

Засега не се знае кој го управувал возилото и го прегазил човекот.

Извршен е увид од Јавен обвинител, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

На почеток