130 санкционирани возачи во Скопје, 72 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (09.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.