Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На места процесите ќе бидат поинтензивни со услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 24 степени.
Во следните денови продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и со услови за изолирана појава на град.