(ВИДЕО) Крмов со сериозни обвинувања: Извршниот директор на „Бехтел“ бил осуден од судот во Њујорк за МИТО од 5,2 милиони евра
Говор на пратеникот Борислав Крмов за предлог-Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер, од групата закони за „Бехтел и Енка”.
„Во 2014 година, извршниот директор на „Бехтел“ бил осуден од судот во Њујорк за МИТО од 5,2 милиони евра за местење на тендер во Египет.
Понатаму, во Албанија, оваа компанија склучува договор за автопатот Драч – Кукс со почетна цена од 680 милиони, за на крај да стигне над милијарда евра. Овој автопат, исто како кај нас, почнува со многу доцнење, при што албанската држава ангажирала ревизор кој открил 84,7% неоправдано зголемување од почетната цена. ШТЕТАТА е проценета за 385 милиони евра за албанската држава!
Дури и во студија на универзитетот Беркли се вели дека договорите со „Бехтел” на Балканот се непотребен ЛУКСУЗ за најсиромашните држави во Европа.
Значи, СДСМ почна со ветувања дека ќе го става јавниот долг на бројчаник, дека државата со претходната власт ќе паднела во должничко ропство – за сега да се трансформира во партија која што ја става државата во ЗАЛОЖНИШТВО на една мултинационална корпорација!” истакна тој.