Македонија

Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ е постепено омекнување на позицијата и ќе си легнат на брашното на крај, вели Крмов

Борислав Крмов, пратеникот на Левица, во денешното гостување во студиото на ТВ24 рече дека голем број на потенцијални гласови за ВМРО-ДПМНЕ ќе се прелеат во неговата партија, затоа што во наредниот период очекува да се случат уставните измени.

– ВМРО-ДПМНЕ бараше начин како своето „не“ да го продаде како „да“. Изјавата на Мицкоски по лидерската средба е „ни риба, ни девојка“. Ако носите маички со „не“ и го палите францускиот предлог во Собрание, тогаш нема поставување услови. Левица рекла „не“ и останува тоа „не“. Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ е постепено омекнување на позицијата и ќе си легнат на брашното на крај

Стравот од губење на гласови на наше конто, го држи ВМРО-ДПМНЕ засега од неприфаќање, а од друга страна трпат голем надворешен притисок. Се што не е потплатено, непоткупено ќе се слева во Левица и тие тоа не сакаат да го дозволат , рече Крмов.

Рече дека неговата партија е единствена која има цврст став против внесувањето на Бугарите во Уставот затоа што, како што вели, ќе следуваат потоа други порадикални барања од страна на Бугарија.

– ЕУ не е најпаметна, не ги интересира нив супстанцата, нив ги интересира формата и тоа да бидат успешни дипломати.
Ќе не тераат да признаеме дека нашиот јазик е дијалект, за Македонија не е ЕУ ни опција, ние од регионот треба да влеземе како таа творевина „ЕУ број 2“. Турција преговара 30 години, ама ние една од најнеразвиените држави со пропаднато судство ќе сме станеле членка до 2030. Тоа е нон-сенс, смета тој.

За Крмов, провидно е и однесувањето на ДУИ. Излегувањето на ДУИ од Владата, како што вели тој, ќе биде три месеци без власт и потоа „Интегративците“ ќе имаат подобра позиција на изборите.

На почеток